Пред наплатна станица Демир Капија, на автопатот А1 Неготино- Демир Капија, синоќа во 22:10 часот, полициски службеници од полициска станица Неготино и мобилната единица од Скопје го лишиле од слобода Ф.Р.(20) од Република Србија, кој управувал товарно моторно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, во кое превезувал 41 мигранти од Куба и Индија, од кои пет малолетници, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.