Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ синоќа на регионалниот пат Удово – Демир Капија, во близина на село Градец, го лишиле од слобода М. А. (23) од Лозово.
Како што соопшти МВР, М.А. бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода.
Во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. М.А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.