Синоќа на автопатот А1 Демир Капија-Неготино, во близина на бензинска пумпа, полициски службеници од Полициска станица Михајлово го лишиле од слобода Д.С.(30) од Неготино.
Тој е затекнат откако со патничко возило „цитроен ксара“, со кумановски регистарски ознаки, превезувал седум лица мигранти, од кои шест од Сирија и едно од Египет.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Полициска станица Неготино и Регионалниот центар за гранични работи Југ. Д.С. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека илегалните мигранти се предадени на полициски службеници во Полициска станица Неготино по што ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар.