МВР соопшти дека синоќа, во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници го лишиле од слобода Б.К. (30) од Куманово.
Б.К. се сомничи дека се обидел да одземе патничко возило „застава“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ј.(76) од Куманово.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.