Во Сојузна Република Германија е приведен В.К.(31), македонски државјанин баран со потерница, а осуден на пет години затвор за сторено кривично дело „разбојништво“, информира Министерството за внатрешни работи.
– Апсењето на В.К. е резултат на успешната соработка на полициите на Сојузна Република Германија и Република Северна Македонија, благодарение на која досега се приведени повеќе криминалци, додаваат од МВР.
Соработката е помогната и поддржана од регионалниот проект на ЕУ – Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан ИПА 2019.