Во саботата, во 15.40 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода 25-годишниот А.Е. од село Ваксинце, во липковско, затоа што при преглед кај него биле пронајдени 1640 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Мажот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.