Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода С.Е. (53) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б.Ј. (39) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, дека, додека денеска заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало.

-Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и напаѓачот е идентификуван и приведен од страна на полициски службеници, информира МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.