На 09.09.2022 во 20.00 часот на бул. „Србија“ полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.Л.(21) од Скопје. Имено, тој претходно пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал малолетник, а потоа во близина на средно училиште на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал уште двајца малолетници.

М.Л. бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.