МВР соопшти дека при претрес со судска наредба, извршен од 19 до 21 часот, во домот и помошните простории на Ќ.Е. во Доброште, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, таблети екстази и дигитална вага.

Приведениот, според полицијата, е задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што денеска со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.