– На 24.12.2021 во 16.45 часот во СВР Скопје е приведен А.С. (40) од село Кондово, Скопско поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, сторени на 19.11 и 20.11.2021 во два трговски објекти во Скопје, информира денеска МВР.
Во соопштението се додава дека по целосно документирање на случаите против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.