Полициски службеници од СВР Скопје во Полициската станица Гази Баба, вчера во 14.25 часот по претходно добиена судска наредба, го привеле Р.С.(31) од Скопје, поради тоа што се барал за издржување на казна затвор за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

МВР денеска соопшти дека тој бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на затворската казна.