Полицијата синоќа, околу 00.15 часот, го лишила од слобода А.С.(35) од радовишкото село Ињево.
Како што информира МВР, на местото викано „Нова Петла“ во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија запреле товарно возило „сканиа“, со прилепски регистарски ознаки, со полуприколка.
При преглед во полуприколката биле пронајдени 88 лица мигранти (56 од Сирија, 21 од Пакистан, 10 од Индија и еден од Јемен), од кои 12 се малолетници.
Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а А.С. бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.