Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 12.50 часот во скопското село Волково на патот за село Орман го лишија од слобода И.П. (27) од Скопје, кој се барал по централна потерница од КПУ Затвор Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.

И.П. е осуден на казна затвор од пет години во врска со кривично дело „разбојништво“ казниво по член 237 од Кривичен законик.

Лицето ќе биде предадено на казанено поправната установа, додаваат од МВР.