Денеска во 16:00 часот полициски службеници од Оперативен тим Потраги на ул.” Владимир Комаров ” во нас.Аеродром-Скопје, го лишија од слобода С. Ц. (37) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од Основен кривичен суд – Скопје, во врска со чл.237 (разбојништво) од КЗ на РСМ, за издржување затворска казна во траење од седум години.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.