Полициски службеници денеска во Битола го привеле Е.А.(27) од Кичево. Тој се барал по наредба од Основен суд Кичево за издржување на казна затвор за извршено кривично дело „разбојништво“, казниво по чл.237 од Кривичниот законик, кое го сторил во текот на 2022 година.
Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на затворската казна, соопшти МВР.