Денеска (28.04.2023) околу 16 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Д. (42) од Велес, кој малку време пред тоа на ул. Илинденска во Велес извршил разбојништво врз Б.Л. (69) од која со употреба на сила одзел златно ланче.
Ланчето е пронајдено и ќе биде вратено на сопственичката, а С.Д. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.