Приведен син на поранешен висок функционер на МВР

Лицето Ќ.Б. е приведено под сомнение за кривично дело „Оддавање службена тајна“. Станува збор за син на поранешен висок функционер од Министерството за внатрешни работи. Кружат шпекулации за повразност со ДУИ.

Според досегашните индиции, лицето ја компромитирало акцијата која неодамна се спроведуваше во Арачиново, по што ги предупредило припадниците на криминалниот клан „Беланоца“. Како што пренесува Скопје1, по претходна координација меѓу МВР и Обвинителството, одземен му е и мобилниот телефон.

Неколку осомничени побегнале 10 минути пред да пристигне полицијата

Сомневањата на полицијата се дека информациите за планираните апсења во Арачиново и Сингелиќ потекнуваат токму од ова лице. Само десетина минути пред полицијата да пристигне, неколку осомничени лица успеале да побегнат.

„Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна. Одземен му е мобилниот телефон, а потоа, по насока на ОЈО, лицето е ослободено“, изјави портпаролот Гоце Андреевски.