На 13.05.2022 околу 01:20 часот на подрачје на Чаир од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода С.К.(29) од с.Батинци, скопско, затоа што физички нападнал полициски службеник при извршување службени дејства.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.