На 22.02.2022 во 11.50 часот на бул.„Борис Трајковски” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И.(52) од Скопје.
Тој бил баран по потерница од Основен суд Скопје 1 – Скопје за издржување вкупна затворска казна од четири години и три месеци за сторени две кривични дела по член 297 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде предадено во казнено – поправна установа за издржување на казната.