При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле еден пиштол чешка „Зброевка“ калибар 7,65 мм, еден сигнален пиштол „Гмаа“, 26 куршуми различен калибар и 86 парчиња дијаболи, што нелегално ги поседувал.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.