Тетовската полиција вчера привела жител на селото Доброште, кај кого се најдени 13 пакувања кокаин. Тој бил откриен со дрогата во неговото село околу 23 часот.
-Вчеравечер, 6 јули, околу 23 часот, во тетовско Доброште, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Н.А.(32) од ова село, кај кого при преглед му биле пронајдени 13 пакувања кокаин, информира портпартолот Марјан Јосифоски.
Н.А. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.