-Вчеравечер во 22 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 51-годишниот тетовец Н.Б., кој околу 21 часот во заедничката куќа во Тетово физички го нападнал неговиот 70-годишен татко, а поради нивни нарушени семејни односи.Тој е задржан во Полициската станица Тетово, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Од полицијата информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 130 став 2 од Кривичниот законик-телесна повреда при вршење семејно насилство