Четириесет и петгодишна кумановка била приведена вчера под сомнение дека ја нападнала својата малолетна ќерка.

– На 14.08.2023 во 00.06 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 45-годишна жена Куманово, информираат од кумановксата полиција.

Како што појаснуваат оттаму, таа се сомничи дека физички ја нападнала својата малолетна ќерка.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.