Полициски службеници од Оперативен тим потраги денеска во 14.00 часот на булевар „Илинден“ ја лишиле од слобода О.Ј. (69) од Скопје.

За неа, информираат од МВР, била распишана централна потерница, по наредба од Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор од една година во врска со сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.

О.Ј. била приведена во полициска станица по што ќе биде спроведена во казнено-поправна установа за издржување на казната.