Полициски службеници од СВР Велес вчера 08:10 часот, на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, ја лишиле од слобода велешанката С.Г.(30).

Како што соопшти МВР, при претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја и една вага. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.