Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишиле од слобода А.П. (24) од скопско Катланово, Р.Ј. (23), А.С. (20) и малолетник, тројцата од скопското село Огњанци, осомничени дека на 06.05.2022 во 22.30 часот во близина на Катлановска Бања, со закана му одзеле пари на М.К. (31) од Малта, со живеалиште во Скопје.
Од МВР денеска соопштија дека тие биле приведени во Полициската станица – Гази Баба и во службен разговор го признале делото.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.