На 10.02.2022 во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Џ.(20) од Ресен и М.А.(35) од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во Полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик.