Полицијата уапсила две лица од Мароко, кои неовалстено влегле во касарната „Илинден“, соопшти Министерството за внатрешнни работи.
„Вчера во 20.30 часот во кругот на касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош ги лишиле од слобода А.Ф.(23) и С.А.(21), двајцата од Мароко, поради неовластено влез во кругот на касарната. Тие биле спроведени во Привремен транзитен центар Табановце за понатамошна постапка“, сооппти Министерството за внатрешни работи.