Околу 18.00 часот на ул.„Младост“ во Кавадарци, информираа денеска од МВР,  полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „алфа ромео“, управувано од М.К. и кога застанало возилото совозачот О.Н. фрлил неколку пакувања со бела прашкаста материја и се обидел да избега.

При преглед во возилото биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, а исто така марихуана била пронајдена и кај возачот М.К..

– Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на О.Н.. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана и повеќе предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање и расчистување на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, се наведува во соопштението од МВР.