Имено, како што се посочува, во близина на Споменикот на слободата, каде се одржувал музички фестивал, било запрено патничко возило „пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В., каде како сопатник бил М.К. и по добиена судска наредба за претрес во возилото, пронајдени се и одземени повеќе видови дрога наменети за улична продажба, и тоа марихуана, прашкаста материја, амфетамин и таблети „екстази“.
Лицата се приведени во координација со јавен обвинител од ОЈО Кочани и задржани во полициска станица. Против А.В. и М.К. ќе биде изготвен соодветен поднесок и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Кочани, стои во соопштението.