Полицијата изутрината на подрачјето на Кисела Вода ги лиши од слобода Г.К.(34) и Д.М.(32), двајцата од Скопје за поседување дрога.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, кај нив биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, апчиња, бела прашкаста материја, марихуана, дигитална вага, дробилка, метадон.

Од МВР информираат дека двете лица се приведени во Полициската станица Кисела Вода и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.