На 06.02.2023 во 11.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода З.А.(28) и С.М.(26), двајцата од Куманово.

Тие се сомничат дека на 11.01.2023 одзеле повеќе предмети од приватен имот на улицата „Благоја Думановски“.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.