Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров и Полициското одделение Сарај вчера лишиле од слобода двајца жители на село Глумово кои биле затекнати при кражба на градежни машини, сопственост на две правни лица кои изведуваат градежни работи во атарот на село Горна Матка.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведени биле Ј.И.(20) и Ф.И.(23), двајцата од село Глумово, скопско, и со нив бил извршен службен разговор, а украденото е одземено од нив и ќе биде вратено на оштетените.
Од МВР велат дека по целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава. а