Полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, кај место викано „Табла“ кај село Богородица денеска ги лишиле од слобода А.З.(24) и Ј.С. двајцата од село Копачин Дол, тетовско во чие товарно возило биле пронајдени 40 мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– При извршена контрола на товарно возило „форд транзит“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.З., во кое совозач бил С.Ј. биле пронајдени 40 лица мигранти (30 од Пакистан, 6 од Авганистан и 4 од Индија). Поради основано сомнение за извршено кривично дело „криумчарење на мигранти“, возачот и совозачот се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението од МВР.

Mигрантиte се пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.