Полициски службеници привеле двајца прилепчани, кои управувале со две запрежни возила натоварени со огревни дрва, за што не поседувале документи, информираат од Министерството за внатрешни работи.
–Вчера во 14:00 часот на патот за село Оревоец, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп пронашле огревни дрва без документи натоварени на две запрежни возила, кои ги управувале С.Ш. (27) и Е.А. (33) од Прилеп. Лицата биле приведени во полициска станица, а дрвата и возилата биле предадени на Шумска полиција Прилеп за понатамошна постапка, посочуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.