Во заедничка акција на полициски службеници од полицискиот пункт од оперативната акција „Рефлекс“, мото патрола од Полициското одделение Петровец и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на подрачјето на село Катланово денеска во 05.20 часот од слобода се лишени М.М. (22) и К.Р. (25), двајцата од Скопје.
Тие, дваесеттина минути претходно, на бензинска пумпа на локалниот пат село Ржаничино – село Катланово, со закана со нож, од вработените одзеле чанта со дневен промет.
– Кај лицата се пронајдени одземените парични средства и ножот кој е користен при извршување на кривичното дело. Тие се приведени во полициска станица и во координација со јавен обвинител, по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија денеска од МВР.