На 04.05.2022, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода ги лишиле од слобода Н.А.(23) и С.Т.(26), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно околу 19.10 часот на ул.„Ефтим Спространов“ со закана одзеле предмети од М.А.(25) од Скопје.
Тие биле приведени во полициска станица и во службен разговоро го признале делото.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик.