Полицијата синоќа во два одвоени случаи уапсила две лица од Скопје кои кај себе имале нож.

Првиот случај е регистриран во 22:30 часот. На ул.„Кеј 13ти Ноември“, бил приведен М.И.(24) од Скопје затоа што кај него бил пронајден нож.

Околу 01:40 часот на ул.„1732“ бил приведен и А.Е.(20) од Скопје од истата причина.

Против двете лица ќе биде поднесен поднесок по член од 80 од Законот за оружје.