Полициски служеници вчера лишиле од слобода двајца тетовци барани со потерници за издржување на затворска казна, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 18:20 часот на ул.„Саво Тасески“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Д.И.(63) од Тетово. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Тетово за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната, наведуваат од МВР.

Како што посочуваат од МВР, исто така вчера во 18:20 часот на ул.„Саво Тасески“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Е.(45) од Тетово. Тој бил баран по Централна потерница од Основен суд Тетово за издржување затворска казна за сторени кривични дела по член 383 и член 206 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.