Според информациите од Министерството за внатрешни работи, двајцата краделе гориво од вагоните, при што имале украдено околу 300 литри гориво. Тие биле лишени од слобода, а украденото гориво било вратено на оштетеното правно лице.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.