Полициски службеници од ОВР Виница вчера во 23.20 часот ги лишиле од слобода М.Е.(24) и М.Д.(25), двајцата од Виница, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
– При преглед во патничко возило „цитроен“, управувано од М.Д., каде сопатник бил М.Е., биле пронајдени и одземени марихуана, ризла и предмети со остатоци од марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, прецизираат од МВР.