Полициски службеници лишиле од слобода двајца тетовци, ткако кај нив се пронајдени марихуана и нож, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.
– Синоќа во 21:35 во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(21) и еден малолетник, двајцата од Тетово, затоа што кај нив биле пронајдени марихуана и нож, посочи МВР.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.