Приведени две лица за напад над Данела Арсовска за време на увид на дивоградба

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска била физички нападната во Чаир, додека извршувала службени активности на терен. Според информациите, нападот се случил додека била на увид на дивоградба на улицата Кумбара.

Министерството за внатрешни работи информира дека се приведени две лица за напад над Данела Арсовска, информира Министерството за внатрешни работи, по добиената пријава од лице со иницијали А.Ј., во 12:15 часот во СВР Скопје.

„На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул. Кумбара физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица ѝ упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот, по што се упатила во ГОБ ‘8 Септември’ за укажување лекарска помош“, соопштија од МВР.

Министерството за внатрешни работи потврди дека приведените се наоѓаат во полициска станица, каде со нив се спроведува службен разговор.

„Во врска со настанот во кој што е пријавено дека градоначалничката на Град Скопје била физички нападната, од страна на полициски службеници од СВР Скопје приведени се две лица кои во моментов се во Полициска станица, со кои се обавува службен разговор“, наведоа од МВР.