На 18.09.2022 околу 14:00 часот на локалниот пат од тетовско Камењане кон селото Јеловјане, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Т.(18), А.А.(19), А.С.(20) и 17-годишник од тетовско Долно Палчиште, бидејќи кај нив биле пронајдени марихуана и дробилка.

Трите лица и малолетникот, во присуство на родител, задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.