Полицијата привела две странски државјанки откако ги затекнала во угостителски објект. Тие се задржани во полициска станица за натамошна постапка, поради сомневање за злоупотрба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта.
Според СВР Тетово, ноќеска околу 1 часот и 30 минути, во угостителски објект покрај автопатот Гостивар-Тетово, полициски службеници ги привеле А.Б.(23) од Република Албанија и А С.(41) од Украина. Тие се сомничат за злоупотрба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта.
Двете странски државјанки задржани се во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.