Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 14.10 часот во кругот на фабриката на ул.„Владимир Полежановски“ ги лишија од слобода Е.А.(31) и С.А.(43), двајцата од Скопје. Тие биле фатени на дело како во патничко моторно возило „поло” со гостиварски регистарски ознаки го товараат украденото, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По документирање на случајот, како што информираат од МВР, ќе биде поднесен соодветен поднесок.