На 07.03.2022 година во 11.30 часот на ул.Северен булевар во Кавадарци од страна на полициски службеници од Полициската станица во Кавадарци биле лишени од слобода А.М (21) и А.О (25) од Кавадарци.
Тие се сомничат дека на 23.02.2022 извршиле тешка кражба во хала за производство на контејнери во фирма во Кавадарци.
А.М и А.О се приведени во полициската станица и по целосно документирање на случајот ке следи соодветен поднесок.