Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба денеска ги лишиле од слобода С.А.(35) од Скопје, И.И.(29) од Скопје и М.Р.(29) од с.Никиштани, Скопско, соопштија од МВР.

– Тие се сомничат дека ноќта меѓу 10/11.11.2021 од објект во изградба на ул.„Ташко Караџа“ одзеле повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.