На 15.01.2023 од страна на полициски службеници од Полициското одделение Новаци лишени од слобода се З. М.(21) и Б.К.(19) од Битола, поради сомнение за извршено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава според која од магацински простор во кругот на РЕК Битола одземени се поголем број предмети.
Одземените предмети се пронајдени кај приведените лица и се вратени на сопственикот. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.