На 25.04.2023 во 12:40 и во 16:00 часот во тетовско Желино, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.У.(23) од Желино и З.А.(21) од с.Озормиште.

Тие се сомничат дека во текот на ноќта на 21/22.04.2023 извршиле тешка кражба во работилница, сопственост на М.Б.(52) од тетовска Мала Речица, при што одзеле повеќе предмети.

Двајцата биле задржани во Полициска станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.